Актуелната владеjачка гарнитура или доцни или едностанво нема решение за спроведување на неопходните реформи, бидејќи реформи не се прават на средината или крајот од владиниот мандат, смета дел од експертската јавност во земјава.

Универзитетски професори, експерти и cyдии земаа активно учество на петтата по ред Охридска школа за право. Универзитетскиот професор Борче Давитковски вели дека дури и ако нешто сега почне да се работи, тоа ќе биде во функција на кампања за следните парламентарни избори.

Никогаш не се прават реформи на крај на мандат. Оваа влада има уште 10-11 месеци. Ќе почне кампања, па ќе има Пржинска влада три месеци пред избори и едноставно не е ниту тајмингот за тоа. Декларативно има волја, иако не ја гледам волјата. Најверојатно вистински реформи ќе очекуваме догодина после избори, кој ќе победи, тогаш да се зафати…, вели Давитковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.