Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, кој е дел од одбраната на Дејан Давидовски, кого шведскиот суд одби да го екстрадира, вели дека одбраната на осудените на вкупно околу 200 години затвор за настаните на 2 април, била во право.
Она што нас не тангира е тврдењето дека не постои терористичко здружување што ние го зборувавме во текот на постапката, навистина било така. Евентуално може да се работи за некои други кривични дела. Бевме сведоци на насилството и од тоа никој не бега, но тоа може да биде акт на насилие, учество во толпа, а не кривично дело терористичко загрозување, вели Давидовиќ.
Адвокатот вели дека во земјава не функционира правниот систем.
И сега имаме ситуација кога дел од учесниците беа амнестирани, и сега се пратеници, седат дома, добиваат тендери, тоа не е правда, тоа не е правичност, тоа не е вистински правен систем, вели Давидовиќ.
Извор: Макпрес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.