Обвинителството не успеа да докаже тероризам на 27 април. Делата против државата се политички кривични дела, издвојува тоа што мора да се докаже умислата, но и намерата. Ако кажете дека некој направил терористичко загрозување на уставниот поредок, не може тој да биде фудбалер, туку терорист, изјави адвокатот Звонко Давидовиќ во денешната дебата на ТелмаТВ.
Судот требаше да покаже дека се случил тој тероризам тоа не се случи. За да има терористичко загрозување на уставниот поредок мора да се загрозени институциите. Претседателот на државата не беше загрозен, претседателот на владата беше далеку, исто така не беше загрозен, претседателот на Собранието, кој и да го земете во тој момент Талат Џафери или Трајко Вељаноски, не им валеше влакно од главата и ниту една институција од овие не беше загрозена. Оние кои ги нападнаа другите пратеници, одговараат за учество во толпа, оние кои го нападнаа Села одговараа за обид за убиство, оној кој ја нападна Шекеринска, одговараше за насилство, а сите други за тероризам. Сите се нашле на исто место во исто време, а 5 различни кривични дела, вели Давидовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.