Не постои кривично дело „поттикнување на бојкот“ и нема никакви можности кривично да се гонат поттикнувачите, вели адвокатот Звонко Давидовиќ, по тврдењето на Владата дека постојат елементи на кривичното дело „поттикнување“ за оние што ги повикуваат граѓаните да не учествуваат во попишувањето.
Самите повици за бојкот се на тесна граница со слободата на изразување и нормално е да постојат различни мислења за спроведување попис во една вака ненормална ситуација, во услови на пандемија и голем број заболени, оценува Давидовиќ за „Слободен печат“.
Од Владата не одговaраат конкретно на кој закон и член би се повикале при евентуалното кривично гонење, со оглед на фактот што во Законот за попис одбивањето да се дадат податоци е прекршок, а пак во Законот за прекршоци е наведено дека за поттикнување прекршок не следува одговорност. Оттаму единствено потсетија на казнените одредби на Законот за попис дека на граѓаните што ќе одбијат да дадат податоци на попишувачите им се заканува глоба од двесте до триста евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.