Катица Јанева се уште е специјален јавен обвинител. Но, ова е смешна и апсурдна ситуација која покажува колку се некадарни сите институции особено Советот на јавни обвинители, кој дури пред неколку дека даде предлог до Собранието за разрешување на Катица Јанева. Согласно Законот за СЈО, тие тоа требаше да го сторат многу порано, односно откако на Јанева и беше определена мерка притвор”, вели адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, пренесе МКД.МК.
Според правниот експерт Јанева нема право да бара предметите од СЈО да бидат предадени во Јавното обвинителство, бидејќи тоа е спротивно на законот за СЈО.
Адвокатот Давидовиќ смета дека додека Јанева е во притвор може единствено да комуницира со својот бранител. Адвокатот Давидовиќ смета дека смешно е специјален јавен обвинител на издава наредба за предавање на предмети во друго обвинителство.
Што би било следно, прашува Давидовиќ, Јанева да побара притвор за некој осомничен од предмет на СЈО додека самата таа е во притвор?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.