Адвокатот Мерџан Даути, бранител на обвинет во случајот „ТНТ“ регира со допис до јавноста во врска со вчерашната казна изречена против него од страна на судечкиот совет.
Писмото го објавуваме интегрално:
Со цел да се дознае правата вистина за текот на вчерашната главна расправа по предметот со кодно име ,,ТНТ” би сакал да Ве информирам за настаните пред судот и да истакнам неколку факти:
- Јас Мерџан Даути сум адвокат повеќе од 11 години, кој никогаш на ниту едно рочиште не сум бил казнет или опоменат и никогаш претходно не ми била поведена било каква дисциплинска постапка, со додека не станав бранител во гореспоменатиот предмет,
- Никогаш досега не сум ја информирал јавноста за случувањата на рочиштата, односно се што сум имал да истакнам, сум го наведувал во рамките на главната расправа, но бидејќи во конкретниот предмет, постојано ми се скратува правото на одбрана, морам јавно да ги истакнам случувањата во постапката со цел да ги заштитам како правата на мојот клиент така и моите права,
- Рочиштата за овој случај не се закажуваат однапред со точно утврден календар за текот на месецот туку тоа се прави ад хок. На пример, ако имаме рочиште во вторник за истата недела повторно се закажува за петок неземајќи во предвид дека ние адвокатите имаме и други судења претходно закажани,
- За вчерашната главна расправа уредно го информирав судот пред започнување на расправата, каде што им напоменав дека претходно ми закажаа судење во Основниот суд Тетово, каде што уредно е поканет и ќе присуствува лице странски државјанин, а јас сум во таа постапка единствен бранител,
- Пред почетокот на главната расправа, со цел да не се одлага судењето, иако тендециозно без проверка со мене беше наведено во некои медиуми дека целта ми било истото да се одложи, јас одговорно тврдам под целосна материјална и кривична одговорност, а тоа може да се провери како од снимката така и од записникот од главната расправа, за кое апелирам заради утврдување на вистината во јавноста да го објави судечкиот совет, побарав мој колега адвокат вклучен во постапката да ме замени за оваа главна расправа со согласност од странката која ја застапувам. Повторно ќе напоменам согласно Законот за кривична постапка целосно беа исполнети условите за одржување на главна расправа доколку судот дозволеше мојата странка да има бранител согласно ЗКП,
- Јас присуствував на текот на главната расправа кога заврши со сведочење првиот сведок се до 11 и 45 часот. По завршување на исказот на првиот сведок повторно го замолив судот да ми дозволи да ја напуштам главната расправа бидејќи судењето во Основниот суд Тетово ми е закажано во 13 часот, по што со мојот клиент имаме резервирано карти за претходно закажан состанок и патување во странска држава каде и во моментов се наоѓам. Имено, повторно истакнав пред судот дека главната расправа по предметот ,,ТНТ” може да продолжи бидејќи еден од присутните адвокати по претходен договор со мене и мојот клиент ќе продолжи да го застапува за тоа рочиште. Ова е пракса во секој суд, во секоја постапка освен во овој случај и одговорно тврдам истата е согласно ЗКП,
- Судечкиот совет го одби ваквото мое барање, со изговор дека претходно на други адвокати им барал да направат замена во истиот предмет и тоа не било случај. Јас почитувајќи го судот повторно по трет пат ја упатив следната молба: (повторно ќе истакнам тоа може да се види од видео и писмениот записник) судењето да продолжи, да не се одложува, а мојот клиент со негова согласност да биде застапуван од друг адвокат се со цел беспрекорно да продолжи судењето, за најдобар интерес не сите во постапката,
- После 3 замолници и уредно доставен писмен поднесок пред започнување на главната расправа го информирав судот и притоа му се извинив дека морам да ја напуштам салата, при што уште еднаш истакнав дека судењето може да продолжи и без мое присуство, а во согласност со Законот за кривична постапка,
- Одкако се извинив и ја напуштив салата од медиумите бев информирам дека сум казнет со драконска казна од 4.000 евра бидејќи барав само да се почитува Законот за кривична постапка и да продолжи судењето без мое присуство, а не како што информираа некои медиуми, со цел да се одложи судењето,
- Која е причината за вакво субјективно постапување на судечкиот совет во постаката? Имено, Обезбедувањето еднаквост во постапката за сите пред судовите е од суштинско значење за соодветното вршење на судиската функција. Согласно Кодексот за етика на судиите и судиите поротници од Врховниот суд, „судијата треба да биде свесен и да ја разбира разнообразноста во општеството и разликите што произлегуваат од најразлични извори, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на расата, бојата, полот, верата, националното потекло, посебните потреби, возраста, брачната состојба, сексуалната ориентација социјалната и економската состојба и слично.“
- Во оваа прилика сакам да информирам дека предметот ,,ТНТ” по својата природа согласно закон со ништо не се разликува од било кој друг кривичен предмет освен што побудува интерес кај јавноста т.е е дел од оној пакет на Обвинителни акти превземен од поранешното СЈО, но исто така сопственикот на компанијата инвеститор кој во исто време е сопственик на фирмата градител очекува оштета од неколку десетици милиони евра,
- Во врска со написите на некои медиуми дека рочиштата претходно сум ги одлагал со мое барање за користење на албански јазик, сакам да истакнам дека тоа право ми е загарантирано согласно Законот за јазици и сметам дека сите ние треба да придонесеме да се почитуваат законите во Македонија, а непочитување на истите едноставно да се квалификува како оддолговлекување на постапката. Истото се однесува и за судијата поротник на кого согласно закон му беше завршен мандатот, поточно судењето започна одново согласно закон откако тој поротник увиде сам дека номоже повеќе да учествува во постапката и си поднесе неотповиклива оставка.
- Во врска со користењето на албанскиот јазик сакам да ја информирам целокупната македонска и меѓународна јавност дека иако учествувам повеќе од 1 година во овој процес и имам испратено над 10 поднесоци до ден денес не ми е преведен ниту еден материјален доказ при,
- Се надевам дека ова ќе биде мое последно јавно обраќање по овој предмет, а со цел навремено и точно информирање на сите заинтересирани страни, Ве повикувам на ден 12.01.2020 година во 10 часот, а и потоа да присуствувате на сите рочишта по овој предмет.
Почитувани,
Ја користам оваа прилика да замолам сите надлежни институции како што се Судскиот совет во делот на почитување на Законот за кривична постапка, Првиот Заменик на Претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците како задолжен и за почитување на Рамковниот договор во кординација во соработка со инспекциските служби, пред се Инспекторатот за употреба на јазиците во делот на употреба на албанскиот јазик во судството да вршат континуиран мониторинг над овој процес, но и да направат и евалуација на досегашната постапка и за истото да ја информираат јавноста. Исто така го замолувам Претседателот на Владата, за кого искрено верувам дека сака согласно своите надлежности и јавно истакнати заложби да ја подобри состојбата во македонското судство, но и Министерот за правда лично да се заинтересира за овој случај, бидејќи она што го барам од сите надлежни институции е да има правда. На крај, апелирам и Адвокатската комора да го испита овој случај, за што ќе достават и конкретна информација, односно да се стават во заштита на правата на адвокатите согласно закон.
На крај ја користам оваа прилика на сите да Ви ги честитам Божиќните и Новогодишните празници со надеж за многу успех, среќа и добро здравје во Новата 2021 година, меѓудругото искрено посакувам Македонија да ги започне преговорите со Европската Унија и конечно во Македонија да завладее правото. Бог да ја благослови Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.