Проширувањето на ЕУ е префрлено за следниот самит на Европскиот совет, соопшто рано утрово околу 3 часот по средноевропско време холандскиот премиер Марк Руте, пренесува Политико.еу. Тој рекол дека европските лидери долго разговарале за реформа на процесот на проширување, но и дека се загрижени за Албанија.
Холандскиот премиер Марк Руте се обиде да потруди да звучи утешително кон владите на Македонија и Албанија, кои се надеваа дека ќе добијат зелено светло за разговорите за членство во ЕУ на самитот.
Сите признавме дека и во Македонија, како и во Албанија, е завршена голема работа, рекол тој за Политико, повикувајќи се на напорите за подобрување на владеењето на правото во обете држави и промената на името во Македонија за да се реши долгорочен спор со Грција.
Сепак, Руте додал дека треба уште многу да се работи во двете држави и дека „списокот е нешто подолг“ за Албанија.
Финскиот премиер Анти Рине, по самитот, за медиумите кусо порача дека се надева дека лидерите ќе се навратат на прашањето во текот на денешниот ден, но без гаранции. Разни национални делегации различно брифираат, додека едните се надеваат дека ќе се наврати ЕУ на проширувањето денеска, други тврдат дека нема политичка волја за тоа.

Разочараност изрази и чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој на прашањето зошто лидерите на ЕУ не постигнаа договор за почеток на преговорите за членство за Македонија и Албанија рече дека ова прашање требало да биде формалност бидејќи претседателот на Европската комисија Jeanан-Клод Јункер и шефицата за надворешна политика Федерика Могерини и двајцата изјавиле дека двете држави ги исполниле критериумите утврдени за да започнат разговори.
Треба да ги прашате некои други земји-членки. Ние им ветивме. Јас сум многу разочаран, рече Бабиш
Франција, Германија, и Холандија се обидувале да напишат предлог компромис според кој донесувањето на одлуката се одложува за април 2020 година, пишува Политико.еу на својот блог во живо од самитот на ЕУ.
Leaders are done for the day. We, however, still have a few lines to write… In case you missed it, here’s our #EUCO blog ➡️ https://t.co/CqsvVjeXFw pic.twitter.com/sjxCjrjDdZ
— POLITICO Europe (@POLITICOEurope) October 17, 2019
Идејата била Франција во меѓувреме да изработи предлог за реформирање на процесот за проширување до јануари. Засега нема договор за вметнување на конкретен датум во предлог-компромисот.
Во меѓувреме на официјалниот Твитер профил на Европскиот совет е напишано дека работната сесија и натаму продолжува доцна вечерва, но тема на разговорот е Турција и нејзината офанзива во североисточниот дел на Сирија.
Syria is on the agenda of EU leaders tonight at #EUCO. On Monday the EU urged Turkey to end its military operation in north-east Syria. Violence must end: Syrians deserve a lasting peace.
Learn more: https://t.co/kM4jSCN49a pic.twitter.com/xyo2m3caDP— EU Council (@EUCouncil) October 17, 2019
Политико јавува дека по кратка дебата за Турција, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск го претставил пред европските лидери предлогот со кој ќе се „потикнат Македонија и Албанија без при тоа да им се даде зелено светло за формален старт за преговори“ .
I predicted an early night at the #EUCO summit this time. Surely no EU leader wants to stay up until 2 a.m. talking about enlargement, I thought. Wrong again.
— Andrew Gray (@andrew_r_gray) October 17, 2019

Германската новинска агенција ДПА јавува дека лидерите на ЕУ „многу долго“ разговараaт околу француската блокадата на проширувањето, но без конечни резултати. Одбивањето на почеток на преговори на Македонија и Албанија ќе го загрози кредибилитетот на ЕУ цитира француски дипломат новинската агенција АП, кој додава дека Париз ќе дозволи почеток на преговори за шест месеци доколку види напредок во реформите.
ЕУ требаше вчера, по две одлагања, да донесе „јасна и суштинска“ одлука за отпочнувањето на преговорите за членство со Македонија и Албанија, согласно препораката на Европската Комисија и општиот консензус во ЕУ дека двете земји се подготвени за следниот чекор. Но, недостатокот од политичка волја надвладеа.
Повеќето земји-членки ја обвинуваат „тврдоглавоста и кусогледоста“ на Франција кон Западниот Балкан. Претседателот Емануел Макрон одбива секаков напредок во проширувањето додека не се измени методологијата на преговарачкиот процес, реформа која може да трае со години и за која Париз не дава конкретни одговори како треба да изгледа.
Од друга страна, земји како Холандија и Данска не сакаат да започнат преговори со Албанија. Во Хаг тоа е став на парламентот, и владата смета дека не може да го игнорира гласот на пратениците. За Холандија зелено светло беше прифатливо единствено под услов да се одвојат двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.