Амбасадорката на САД во државава Кејт Мари Брнз во изјава за МИА порачува дека е важно во земјава да се одржат избори затоа што, како што истакнува на Македонија и се потребни потполно функционални институции за справување со сите предизвици, вклучително и со кризата со КОВИД-19. Истакнува дека датумот за избори треба да се утврди во согласност со законите и Уставот на земјата.

Важно е во земјата да се одржат избори. На Македонија и се потребни избрани и потполно функционални институции – влада и собрание – за да се справуваат со многуте итни предизвици кои ќе имаат долгорочен ефект врз иднината на земјата, вклучувајќи го одговорот на кризата со КОВИД-19, како и подготовките за пристапните преговори со ЕУ. Што се однесува до датумот за овие избори, тој треба да се утврди во согласност со законите и Уставот на земјата – наведува Брнз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.