Новоизбраниот претседател на ДИК Александар Даштевски во гостување во емисијата “Прашањето ми е следно,, во врска со пописот кажа дека не е тешко да се заклучи дека сега не е државата спремна за спроведе попис.
Јас лично ако се прашувам мислам дека сега за сега ние не сме подготвени тоа не е тешко да се заклучи. Како човек кој веќе има сериозно искуство и знам дека последниот попис кој се спроведе беше нерегуларен 2000 2001 кога се спроведе беше нерегуларен и се прогласи како таков и сите си отидоа од таа комисија и од тогаш поради тоа не се ни спроведуваше.
Дополнително Даштевски потенцираше дека треба да се постигне национален консензус околу тоа прашање и да се применат европски методи.
Тоа не е едноставна операција и јас сметам дека треба да се договорат и да се постигне национален консензус по тоа прашање и да се применат европските методи. Да не се оди нели за инат ќе спроведеме, нема да спроведеме па не се согласува опозицијата. Тоа можа да биде сериозен проблем за тоа дали пописот е добар или не појасни Даштевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.