Александар Даштевски вечерва во емисијата „Само вистина“ посочи дека Уставот е повреден од страна на власта за време на вонредната состојба.

Треба да се покрене импичмент за претседателот Стево Пендаровски, бидејќи противуставно е предизвикувана односно прогласувана нова и нова вонредна состојба. И не значи ако сега нема 80 пратеници дека нема да има воопшто, можеби ќе има за изгласување на импичмент, истакна Даштевски.

Даштевски додаде дека да не беше поткупот на владината партија извесна беше победата на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, партијата што сега е на власт се плаши од силата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.