Се надеваме дека во текот на денот ќе ги разгледаме сите записници и се надеваме дека ќе бидат регуларни како и дека за неколку часа ќе го завршиме овој процес. Кога завршуваат изборите на многумина им олеснува но нас допрва нѐ чека работа, вели првиот човек на ДИК Александар Даштевски за Утрински брифинг.
До утрово беа целосно обработени 50 отсто од општините, а до пладне се очекува ДИК да ги има сите резултати. Во Комисијата не знаат колкава е излезноста оти, како што рече Даштевски, сѐ уште не е направен пресек.
Во врска со информацијата што вчера ја пренесе самиот Даштевски дека на некои гласачки места избирачките одбори самоволно решиле да не ги користат фингерпринтите за идентификација утрово тој ја ублажи изјавата.
Не бев категоричен, реков дека имаме некои сознанија дека некои избирачки места самоволно престанале да ги користат фингерпринт апаратите. Тоа треба да е забележано во записниците, па ќе видиме – рече тој.
Според него, првиот круг поминал добро со оглед на тоа што ДИК имала мачна работа поради големиот број листи кои многу внимателно треба да се прегледаат. Сега на ред е утврдувањето на резултатите и решавањето по приговорите.
Прво избирачките одбори ги бројат ливчињата и ги споредуваат од уредот и печатените, па одат во општинската комисија која ги споредува податоците и ги прибира записниците и потоа тој материјал го носат кај нас во ДИК. ДИК ги потпишува овие записници дека се примени па потоа ќе чекаме 48 часа колку што е рокот за поднесување приговори по кои потоа ќе одлучуваме – вели Даштевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.