Десет години по „Трето полувреме“, бугарската филмска индустрија го сними својот одговор и видување на окупацијата на Македонија, во форма на документарецот „Последно полувреме“, кој е наменет да ја прикаже „вистината“ за настаните раскажани во оригиналот. Авторот на „Трето полувреме“, Дарко Митревски за МКД.мк за најновата провокација од Бугарија вели – време е да ги ставиме Бугарите на игнор.

Од снимањето на „Трето полувреме“ поминаа десет години.

 

Знаете што сѐ се смени во тие десет години?

 

Америка смени тројца претседатели. Македонија смени тројца премиери и едно уставно име. Истополовите бракови и марихуаната полека станаа прифатени и легални низ светот. Мобилните корисници престанаа да користат блекбери и се префрлија на ајфон и андроид. Интересот на публиката драстично се сврте од кино-филмови кон телевизиски серии. Музиката веќе не се даунлоудува туку се стримува. Човештвото сѐ помалку се информира од класичните медиуми, а сѐ повеќе од социјалните мрежи. Насекаде со себе носиме смартфон-камери и го снимаме животот што го живееме. Наместо да паметиме – гугламе. Наместо да одиме во канцеларија – работиме од дома. Потрошувачите масовно купуваат онлајн, што доведува не само до затворање на продавниците и трговските центри – туку во блиска иднина сосема ќе го смени изгледот на градовите. Приватноста стана мисловна именка. Електричните возила ги заменуваат бензинските. Светската пандемија ја доведе во прашање довербата во медицината. Луѓето се сѐ помалку среќни и сѐ повеќе загрижени за својата иднина.

 

Ете, сето ова се смени во изминативе десет години. Само во Бугарија ништо не се смени – таму и понатаму лелекаат за две, за нив многу болни и вечно непрежалени теми: едната им е „Трето полувреме“, другата им е Македонија.

 

И згора на сѐ, таа своја национална и општествена фрустрација ја претставуваат како некаква „борба за вистината“.

Целиот текст на МКД.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.