Пандемијата го промени светот, ги смени односите меѓу луѓето, воведе нови правила во комуникацијата. И не само во директната комуникација, го смени начинот на поздравување, држење дистанца едни од други, од блиски, од роднини, внуци од баби и дедовци. Тоа ќе помине, но проблемите ќе останат.

Сега најмалку треба да сме себични. Овој вирус со себе ги покосува и здравствениот, но и безбедносниот и економскиот живот, вели во своето обраќање Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

 Оваа борба сега од нас бара сплотеност, за да го зачуваме нашето здравје и здравјето на нашите блиски. Но бара и сплотеност, да ја зачуваме економијата. Државите во светот се затворија сами кон себе, штитејќи ја економијата. Тоа сега се очекува и од нас. Да ја заштитиме нашата, македонска економија.Сега е потребна сечија идеја како да си помогнеме сами на себе. Да дадеме се од себе за да ги заштитиме нашите херои, докторите, медицинските лица, полицајците, безбедносниот сектор, бизнисот, работниците, нашето, вашето, но и работното место на сограѓаните.

Тој вели дека како партија и како одговорна опозиција поттикнуваат акции за поддршка на здравствените препораки и затоа почнуваат иницијатива за поддршка на домашните компании.

Приклучете се на иницијативата „Вашите проблеми заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија“, кажете ни ги вашите размисли, споделете ги проблемите, видувањата и идеите како да излеземе посилни од општата криза. Испратете ни ги вашите согледувања на електронската пошта [email protected]. Сите пристигнати писма внимателно ќе ги разгледаме и од нив креираме политики и решенија кои се добредојдени во овие моменти.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.