Универзитетскиот професор д-р Драган Даниловски вели дека македонското здравство личи на башибозук.
Тој во изјава за ТВ 24 утрово потсети дека Македонија е на врвот во светот по смртност од Ковид.
Треба да се прават анализи кои се факторите за големата смртност кај нас, преголема голема смртност на оние што се хоспитализирани, кај нас околу 40%, во САД е под 10%. Зошто толку стапката на смртност е голема во однос на инфицираните. Карактеристика на добар здравствен менаџмент е отчетност и одговорност. Не може директор на болница да не му полага сметки на првиот човек во здравствениот сектор. Кај нас ова личи на башибозук, никој на никого не одговара и знае дека нема да одговара и прави што сака. Факт е дека општата состојба на нашево население е под секоја критика – рече Даниловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.