Повторно строго да се инсистира на носење маски во затворен простор и да се одржува растојание кое е преопрачано, а рестораните, кафеаните и клубовите, ако се влоши епидемиолошката состојба доаѓа предвид и да се затворат, вели епидемиологот д-р Драган Даниловски во разговор за Канал 5. Сепак тој додава дека сега не е време за затворања туку да се направат ограничувања на бројот на гости во угостителските објекти. Даниловски зборува откако стана јасно дека во светот се шири мутацијата на Ковид-19 „омикрон“, за која се смета дека е позаразна.
Јавниот превоз е проблем, јас одамна зборувам. Треба да се воведе скалесто работно време за да може да се редуцира бројот на автобусите. Училиштата да продолжат со настава во физичко присуство, а да се затвораат селективно, ако има некаде каде што ќе се надмине одреден број на заболени.
Ако се потврди дека овој сој дава благи симтоми нема да има потреба за загриженост дури и да биде 500 пати позаразен, вели Даниловски за Канал5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.