Епидемиологот Драган Даниловски смета дека без викенд-мерки и полициски час здравствениот систем нема да може да го поднесе темпото на 1000 заболени дневно и околу 30 мртви.
Сегашните мерки покажуваат дека може да се прекине тој раст на заболени, што значи дека во некој нареден подолг период би имале линаерно зголемување на просечно по околу 1000 нови ковид-случаи. Сепак сметам дека здравствениот систем не може да го издржи тоа и затоа се потребни построги мерки, како што се викенд мерки, но и сметам дека полицискиот час е неопходен, вели епидемиологот Драган Даниловски за Канал 5.
Според него, прогласувањето на кризна состојба е соседма соодветна мерка, но треба да се искористи за интервенции во здравствениот систем.
Добро е што се вклучи Армијата за да биде на помош на полициските службеници, истакна Даниловски, дополнувајќи дека со ова темпо за три месеци ќе има колективен имунитет.
Тој смета дека исто така е добро што добро што му се застанува на пат на паралелниот здравствен систем – приватното здравство.
Приватното здравство беше паралелен здравствен систем, граѓаните тешко го издржуваа, а се испумпуваа многу пари. Менаџментот на државата на услугите во приватното здравство е добра мерка, смета Даниловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.