Имаме среќа што имаме мал број болни и што иако имаме експоненцијален пораст, тој има бавен пораст. Сепак како што оди времето, тој ќе се забрзува, вели професорот по епидемиологија и поранешен министер за здравство д-р Драган Даниловски, кој вечерва заедно со гастроентерохепатологот д-р Владимир Аврамовски гостува во вонредната емисија посветена на коронавирусот на „Алфа“.

Ако денеска имаме 19 заболени, тој екпоненцијален пораст вели дека за една недела ќе бидат 38, з за уште една недела ќе бидат 76, потоа 154…За еден месец есапот ми излезе 2.500 лица.  Тоа е хипотетичка ситуација, дај боже да остане таква. Ова звучи епокалиптично, и жал ми е што е така, но имајќи предвид колку ноншалантно, индолентно и незаинтересирано се однесувавме досега, се плашам дека тоа може навистина да ни се случи и добро е што сега луѓето малку се вознемирени, порача Даниловски.

Со ова се согласи и докторот Аврамовски, кој додаде дека со оглед на моќта на претходникот на овој вирус, САРС Ков1, и неговите пресметки покажале дека ќе дојде до пандемија, нешто на што предупреди уште во јануари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.