„Ако споредиме колку млади се дружат навечер, се спроведува без мерки на заштита и ако споредиме колку луѓе одат на работа со јавен превоз, гледаме луѓе натискани како сардини, јавниот транспорт е втор, ако не и прв по ранг ризик фактор за ова што ни се случува со пандемиската криза. Крајно време е да се зголеми бројот на автобусите, да се регулира бројот на патници кои влегуваат кажа епидемиологот Драган Даниловски, во Студио 10 на ТВ24.
Да се направи скалесто работно време, па во различно време да се качуваат луѓето во автобус. Исто така, во Источна Македонија конфекциите го разгореа вирусот. И тој момент треба да се земе во предвид“ , кажа д-р Даниловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.