Собранието попладнево го верификува мандатот на новата пратеничка Даниела Николова од Коалицијата „Можеме“, која во законодавниот дом доаѓа на местото на Мирослав Богдановски. Претходно, Собранието ја констатира оставката на Богдановски, која тој не ја образложи на седница.
Пратеникот Панчо Минов како претставник на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања информира дека го усвоиле Извештајот на Државната изборна комисија за во ИЕ 1, по поднесената оставка на пратеникот Мирослав Богдановски, согласно законската процедура, редоследно се предлага Даниела Николова за преостанатиот дел од мандатот.
Тој соопшти дека се спроведени сите законски обврски и процедури и предложи Собранието да го усвои Извештајот на Државната изборна комисија за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија. За предлогот гласаа вкупно 78 пратеници, а немаше против и воздржани.
По верификацијата на мандатот на Николова, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и ја продолжи 43-та седница, на која се гласаат преостанатите точки од дневниот ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.