Бранителот на Миле Јанакиески, Димитар Дангов во својот завршен збор се задржа на неколку моменти кои би можеле да влијаат на одлуката на судот.

Дангов потенцираше дека според новото обвинение Томислав Лазаров би требало да биде ослободен, а не да признае вина.

Не може врз основа на исказ на лице кое е осудено да се темели судска одлука без постоење на други материјални докази, објаснува бранителот.

Дангов објасни и за вештачењето на вештакот од Србија на кого му биле дадени копии од разговорот меѓу Јанакиески и Груевски, а при тоа немал ни лиценца за вршење на оваа дејност во Македонија.

Ако нема оригинална снимка како доказ тоа е проблем на обвинителството а не на одбраната. Копија е копија но тоа не е доказ за судот, потсети Дангов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.