Кандидатката за градоначалничка на Скопје Данела Арсовска изразува длабоко сочувство по повод вчерашната трагедија во Тетово.

Тага и неверување за она што се случи вчера вечер во Тетово. Нема зборови за утеха на семејствата во оваа голема трагедија. Ни зборовите ни делата сега не можат да ја надополнат загубата. Темен ден во поновата историја на независна Македонија. Денес моите мисли и молитви се со настраданите и нивните семејства. Посакувам и побрзо закрепнување на повредените, напиша на Фејсбук, Данела Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.