Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски утрово се сретна и им врачи награди на најдобриот полицаец и најдобриот пожарникар за 2021 година, активност секоја година општината ја реализира.

За најдобар полицаец е прогласен полицискиот службеник во Полициска станица од општа надлежност- СВР Куманово Далибор Станојковиќ. Додека пак, за најдобар од Територијалната противпожарна единица Куманово е избран Игњат Наковски, кој е пожарникар и спасител.

Од мое име и од име на граѓаните им честитам за покажаната професионалност и се надевам дека ова ќе биде дополнителен поттик за понатамошен успех и позитивен пример за средината во која ја извршуваат својата професионална должност, истакна Димитриевски.

Во своето излагање, Димитриевски потенцираше дека во вакви прилики мора да се одаде признание на вистинските луѓе, да се почитува системот за
напредување во кариерата и да се истакнуваат професионалци кои покажале особен успех во работењето во доменот на своите работни задачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.