Зоран Заев, претседател на Владата и кум на Мухамед Зеќири му најде функција во извршната власт на потпретседателот на СДСМ. Заев, како што дознава „Република“ Зеќири го спрема за нов генерален секретар во Владата.

Името на Зеќири се споменуваше за директор на Фондот за здравство, но кумашинот извиси откако за таа функција вчера Владата го предложи Стево Крстевски.

Засега не се открива зошто отпадна од комбинацијата да директорува со Фондот за здравствено осигурување.

Тој неодамна во пакет со Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ, Сања Лукаревска од СДСМ и Бајрам Реџепи од ДУИ, поднесе оставка од пратеничката функција, а Собранието ја констатираше оставката.

Владиниот портпарол Душко Арсовски на прашање за последните кадровски одлуки на Владата и зошто Мухамед Зеќири не е именуван за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување, рече дека сите имиња што циркулираат во јавноста ги сметаат на некој начин за шпекулација, бидејќи не биле разгледувани на седница на Влада.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.