Власта упорно молчи дали лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски , како и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски се следени од тајните служби. Дали власта предводена од СДСМ следењето на првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ го употребува за политички цели?

Николовски пред вицпремиерката Шекеринска јавно рече дека тајните служби го следат и прислушуваат врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

За тоа што не следат тајните служби ќе има одговорност. На овие парапортали ние гледаме дека сме следени од службите на Република Македонија. Врвот на ВМРО-ДПМНЕ и нашите семејства во моментов се под физичка опсервација и телефонски следени. Алармирам во јавноста. Каде да алармирам? Како СДСМ секогаш чекор пред нас знае што ќе направиме, а тоа се од телефонски разговори меѓу функционери на ВМРО-ДПМНЕ – објасни Николовски.

Овие прашања ќе останат неодговорени се додека Обвинителството не одлучи да покрене истрага иако засега нема такви најави.

Дека е можно опозцијата да е ставена на „record“ потврдува и тоа што  секторот за прикриени полициски операции во рамки на БЈБ раководи Тони Јаневиќ. Тој е брат на Љупчо Јаневиќ, шефот на обезбедувањето на Зоран Заев.

Информациите кои ги објави „Нетпрес“ потврдуваат дека дека токму сегашниот директор на БЈБ, Сашо Тасевски, а поранешен бодигард на Заев и Оливер Спасовски, по ниту еден основ не дозволил промена на Тони Јаневиќ од ова началничко место за прикриено следење. Дали и какви прикриени полициски дејствија имал овој сектор на Јаневиќ, останува да се утврди наредниот период.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.