Шефот на Изборниот штаб на Стево Пендаровски на прес-конференцијата која започна со половина час задоцнување избегна да ги наброи изборните места и населени места води Стево Пендаровски. Тој ги презентира официјалните податоци од ДИК.

Нема да набројувам во кои избирачки места и населени места води Стево Пендаровски. Ова се претседателски избори на сите граѓани на државата, не се локални избори. ВМРО-ДПМНЕ бадијала се храбрат, јасно е дека губат во првиот круг, и дека ќе загубат во вториот изборен круг на претседателските избори, рече Кирацовски.

Со оглед на тоа што податоците објавени од ДИК и од Аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ видно се разликуваат, Кирацовски доби новинароско прашње каде води Пендаровски, но Кирацовски одговори дека нема да толкува поединечни географски резултати.

Ова не се локални избори, ова се избори за претседател на нашата држава и тука е битна доминантната разлика секаде. Ова не се локални избори. Ирелевантно е кој каде победил. На крајот се собираат вкупните резултати. Во овој момент Стево Пендаровски е во предност, во сигурно водство и оди кон сигурна победа во првиот и во тротиот круг, рече Кирацовски.

Инсистирањето на СДСМ и на Кирацовски да не се занимаваат со географски резултати, зашто претседателот е претседател на сите отвора дилема – дали Заев не стана премер на сите граѓани кога Шилегов ги набројуваше изборни единици во кои СДСМ ја победи ВМРо-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2016 година.

На повидок е голема победа на граѓаните. Според информациите на СДСМ, партијата води во Скопје, Битола, Струмица, Куманово, Кавадарци и Дебар. Победа во Скопје, во Битола, во Струмица, во Кавадарци, во Куманово и во Дебар. Сето ова говори дека е на повидок голема победа на граѓаните. За живот во Македонија, веќе се слави на плоштадите во Македонија. Тоа значи дека режимот на Никола Груевски станува минато – рече Шилегов на 11 декември 2016 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.