Бугарските фашисти на 16 јуни 1943 година во Ваташа ги стрелале Перо Илов, кој бил најмал со 15 години,  Ванчо Гурев, Данко Давков, Илија Димов, Ристо Гондев, Блаже Ицев, Пане Мешков, Герасим Матаков,   Диме Чекоров  Пане Џунов, Ферчо Попѓорѓиев, Васо Хаџи-Јорданов, кој со дваесет и осум години бил најстар во групата. Младинците биле убиени затоа што биле Македонци! По капитулацијата на фашистичка власт во 1944 година, бугарската комунистичката влада го признала масакрот, испорачувајќи ги на Македонија директните извршители на стрелањето во Моклиште, кавадаречко.

Ацо Шопов: „Одмаздата му тежи на врагот!“

Големиот македонски поет Ацо Шопов за овој настан своевремено ќе  напише: „Јуни. Тиквешко. 1943. Окупаторот беснее од немоќ. Ништо не го запира победоносниот разгор на сенародната борба. Ни јавните закани, ни затворите, ни претепувањата, ни убиствата одненадаж, во постела – дома, на нива, –  во полето. Секоја закана е стократен гнев, секое убиство – повик за слобода. Тежи воздухот од одмазда, одмаздата му тежи на врагот. Над Ваташа се вгнездува ноќта, во ноќта се вгнездува врагот. Селото заспива опкружено од дива глутница. А во раниот изгрев – дванаесет удари со кундаци на дванаесет ваташки порти и страотен кучешки лај. Викотници, писоци, пцости. Дванаесет врзани младинци во селската кафеана…“  Потоа пишува за сите дванаесет одделно, и на крајот, по потресната сцена на стрелањето, го завршува својот текст со ’непрегледната соснчева колона’:  „Ако не ве препознаат мајките, ќе ве препознае земјата, ќе ве препознае колоната во која мртви чекорите, непрегледна сончева колона на  младоста.“

Според Раде Гогов, сведок на настаните од 1943 година, на 16 јуни 1943 година, по неуспешниот обид за деноночна осумдневна офанзива од 7 до 15 јуни за да ги уништи  партизанските одреди „Добри Даскалов“ и „Сава Михајлов“, кои оперираат во Тиквешијата, бугарските окупатори со големи воени  и полициски сили извршиле  блокада на Ваташа, Кавадарци и Неготино:

„Бугарскиот фашистички окупатор во таа акција уби неколку партизани во заседа, две мајки на партизани и уште неколку лица, што беше малку за  нивниот план да го уноштат движењето. Бугарскиот окупатор  и неговите разбеснети војници и полицајци во Тиквешко го запомнаа  оружјето на Македонците. За осум дена колку што траеше нивната  офанзива до стрелањето на ваташките деца, триесет окупаторски војници и полицајци ги оставија коските во земјата што им беше туѓа, не нивна, а педесет ќе носат белези по телата, главите и  нозете се додека  бидат живи. Полковникот Апостолов, оној што ја даде наредбата за стрелање на младинците, по капитулаџијата на Бугарија на 9 септември 1944 година,  успеа да избега во Софија. Неколку дена потоа некој Тиквешанец, кој бил интерниран во Бугарија, го сретнал на улица и со помош на неколкумина другари го фатил и го однел во македонската народноослободителна бригада „Гоце Делчев“. Крвникот сè уште носел полковничка униформа. По налог на новата бугарска отечественофронтовска влада го спровеле во Скопје  а потоа во Кавадарци. Кога  за тоа разбрале мајките на стреланите деца веднаш пристигнале во Кавадарци, влегле во  затворот и за малку ќе го отепале. Тој е изведен пред народиот суд, во салата на монополот, и е осуден на смрт со стрелање. Го воделе пеш кон Возарци на околу еден километар од градот, а војниците од народната одбрана одвај успеале да го спасат од народот. Кога му ги врзале очите и го наместиле пред ископаниот гроб, стотици камења летнале кон него, врз човекот што не беше тоа. И другите виновници поминаа исто или слично. Поручникот Костов и  Петко Оприков беа ликвидирани, додека Димитар Раев, Асен Богданов и Борис Жуглов беа осудени на смрт во Скопје и стрелани“, пишува првоборецот Раде Гогов.

Целата колумна на Блаже Миневски во „Денешен



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.