Власта на Заев наместо попис планира да спроведе политичка операција, обвинува опозицијата.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвинува премиерот Зоран Заев дека на шверцерски, без консензус, насилно го донесе законот за попис, а планираниот попис нема да биде спроведен по европските стандарди.
Затоа власта ги одби сите предлози на опозицијата вклучително и употребата на електронски отисок на прст, бидејќи не им е намерата Македонија да има реална, туку политички креирана слика за бројот на населението. Во пописот според стандардите на Заев наместо само резиденти, како што е секаде во Европа, ќе се попишуваат и нерезиденти. Во пописот на Заев ќе се диктираат само матични броеви, без приложување на документи и информации може да даваат лица кои најдобро ги познавале отсутните. И на крајот пописот на Заев ќе се смета релевантен само ако биде потпишан од директорот и заменик директорот на ДЗС и двајцата блиски до партиите на власт.
Од партијата прашуваат дали дилот за пописот, резултатите бројките и процентите се однапред договорени веќе во еден угостителски објект во Полошкиот крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.