Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на својот Фејсбук профил ги повика надлежните институции да реагираат и да го испитаат линкот на српскиот бизнисмен кој беше уапсен поради одгледување на марихуана со бизнисите на премиерот и неговата фамилија.

Сакам да посочам на еден скандал кој институциите во Република Македонија упорно го ставаат под тепих, кој само покажува колку е криминална владата која ни ја води нашата држава.

Имено, во соседна Србија се случи апсење на лицето Предраг Колувија во аферата “Јовањица”, на чија плантажа за органско производство беше запленето огромно количество на марихуана. На истата плантажа со декларација “произведено во Холандија” е извезувано во Македонија, а потоа дистрибуирано во други земји во светот.

Скандалот е дотолку поголем што уапсениот Предраг Колувија е бизнис партнер токму на бизнис партнерот на Заеви, Горан Крстев, кој заедно со Заев, ќе потсетам беше аболиран за случајот Глобал.

Токму производителот на дрога во Србија, Колувија, кој моментално е во притвор, е партнер на плантажа за производство на канабис со Крстев во Струмица. Тој оперира во Македонија со три компании, од кои едната е кипарска фирма, чии сопственици може само да се претпостават.

Вистинските дилеми за овој нов бизнис на најбогатото политичко семејство Заеви се зошто нема никаква проверка од МВР на плантажата на Колувија и бизнис партнерот на Заев во Глобал на плантажата во Македонија? Зошто никој не го проверува Предраг Колувија, кој е осомничен за производство на дрога во Србија, а оперира со плантажи со канабис во Македонија? Зошто ова лице има вип третман од македонската влада? Каква е врската на семејството Заеви со овој наркобизнисменот од Србија? Дали плантажите на Вицето се штитени од државата, и кое е тоа масло од канабис кое е шверцувано од Македонија во други земји, а за кои пишуваат српските медиуми? И зошто власта овој случај сака упорно да го стави под тепих? Зошто ниту една инспекција не влегува во плантажата на Колувија во Македонија, истакна Јанушев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.