Власта со образложенијата за реконтрукцијата на Старата чаршија и вадењето на калдрмата среде вонредна состојба како се повеќе да се закопува. Сакајќи да прикаже дека се било по закон, процедура и со уредни решенија се повикува на „Законот за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење“ од 2008 година.
„Под-проектот предвидува санација на калдрмата на еден дел од главната улица Битпазарска како и конзервација, реставрација и санација на повеќе дуќани кои го нарушуваат автентичниот лик на Стара чаршија која со закон е прогласена како културно наследство од особено значење „Службен Весник на Република Македонија” бр. 130/08“.

Mалкумина знаат дека бројката 08 означува годината кога е донесена одлуката, во овој случај тоа е 2008 година.
Тогаш името на државата беше Република Македонија, па така ова решение за Старата чаршија во никој случај не може да биде од Република Македонија како што сака Владата да прикаже
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.