Молк во Владата откако Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски беше уловен во шопинг центар како се шета без маска во продавница. На фотографијата се гледа како вработените уредно ги почитуваат мерките и на работното место се со заштитни маски но не и Рашковски како купувач иако мерката е задолжителна за сите.

Со ова тој ги става во опасност останатите посетители во продавницата иако тој како владин службеник треба да биде пример за останатите.

Ова не првпат Рашковски да биде над законот и неговото арогантно однесување е веќе познато.

Сега на потег е владата да покаже дека сите се еднакви и Рашковски да биде соодветно санкциониран.

Пред неполни два месеци власта го казни радоначалникот на Куманово Максим Димитриевски со парична глоба од 300 до 600 евра  бидејќи како позитивен на короната ја прекршил самоизолацијата и без заштитна опрема дошол во Скопје за да се тестира приватно.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.