Да нема групи поголеми од пет луѓе на отворено, а во судовите има и по четири пати поголеми, повеќето седнати еден до друг. Мерките некаде важат некаде не важат. Тоа е она што се случува во Основнот суд Скопе 1 и денеска. Иако вчера беше посочено дека полицијата ќе растура групи поголеми од пет луѓе на отворено, денеска во судот повторно врвица од луѓе.
-Во судницата бевме 15 луѓе. Меѓу нас, одбраната, обвинетите, обвинтелите имаше некакво растојание затоа што судницата во која бевме го дозволува тоа. Но меѓу судии, поротници, записничар не се почитуваше растојанието кое е наложено – вели адвокатот Еленко Миланов кој денеска присуствувал како адвокат на еден од обвинетите во случајот Талир.
Во судот поголем дел се шетат без заштитни маски и ракавици. Само еден од судиите во случајот Талир носел маска. Странките прашуваат ако на отворено не смее повеќе од пет луѓе во група поради безбедност по здравјето на граѓаните, како се дозволув група од 15-20 луѓе во затворен простор.
Адвокатот Миланов посочува дека на влезот им се мери телесна температура на сите што влегуваат, што всушност не претставува никаква мерка со оглед на тоа што човек во период на инкубација може воопшто да нема покачена температура а да има корона.
-Сите тие сме изложени на ризик да заболиме од корона. Не го загрозуваат само моето здравје туку и здравјето на моето семејство. Јас од таму одам дома. Го ризикувам целото семејство. Или нека има мерки или воопшто нека нема. Или мерки за сите или по примерот на Холандија, слободно движење, општ имунитет, па кој преживее, преживее – коментира адвокатот.
Судењето за „Талир“ денеска се одложило поради тоа што дел од адвокатите и сведоците биле отсутни поради користење на мерките на Владата. Но сите останале во судница речиси еден час. Закажано е и следно рочиште на 3 април. Странките прашуваат до кога ќе се оди со ова темпо.
-До кога вака? Додека не дај боже некој почине? – коментираат странките.
Адвокатот Миланов пак вели дека нема слух, нема одважност. Судскиот совет нема смелост да стави крај на оваа голгота.
-Ако ова се рашири ќе се рашири само поради работата на судовите. Ќе се пренесе – коментира адвокатот Миланов откако го прашавме дали смета дека се изложени на уште поголе ризик откако се знае дека е заболена сестра на врховна судијка.
Според него движењето во судовите е голем ризик, а никој ништо не сака да преземе.
-Никој не сака да работи во вакви услови, но под голема пресија се ако не ги почитуваат мерките наложени од Судскиот совт. Од друга страна пак има забрана за група поголема од 5 луѓе на отворено а ова е на затворено. Што е тоа по судовите? Нека има судења само таму каде што мора, неопходно е сега да се определи мерка притвор и ако максималниот рок за притвор истекува за 2-3 месеци. Да има некакво оправдување за да се одржи рочиште. Се друго е само загрозување на здравјето на нацијата. Еве Скопје го надмина Дебар по број на заболени. А Дебар е целосно изолиран. Искрено се плашам за здравјето на моето семејство. А ако не отидам на рочиште казните се големи. Не принудуваат да работиме – додава адвокатот Миланов.
Дел од оние кои беа денеска во судот прашувата дали ова е само маска за пред јавност. Судења нема поради отсуство на сведоци и адвокати поради користење на наложените мерки, а обвинетите се изложуваат на ризик со самото тоа што мора да влезат во суд, во чекални, во судница.
Однапред се знае дека нема да има судење а не тераат да одиме до суд и да се изложуваме на ризик.
Списокот на рочишта кои ќе се одржат е огромен. Според објавеното соопштение на предмети кои ќе се судат во услови на вонредна состојба, судот постојано ќе биде полн со луѓе.
Одговорност има Судскиот совет кој дава некое штуро соопштение, но одговорност има и самиот суд. Скопскиот Основен суд е суд со најголем број рочишта и суд во судење на кои присуствуваат и по 20 луѓе. Претседателот на судот, Иван Џолев, може да побара прекин на судењата или одложување во услови на пандемија. Тоа зависи од него. Едно е препораката на Судскиот совет која нема никаква логика, а дополнителен проблем е неажурноста на претседателот на судот. Дали оваа вонредна состојба и ова ширење на короната не се повеќе од доволна причина да се одложат рочиштата и да запре корзирањето низ судовите?! Ќе одговара ли Џолев за постапување спротивно на препораките на Владата во услови кога државата е во вонредна состојба?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.