Формирањето на Агенцијата за национална безбедност не ја задоволи потребата од темелни реформи во безбедносниот сектор, која се провлекува десетици години наназад. Според тоа како се спроведува новиот Закон за Агенцијата за национална безбедност (АНБ), но пред сè, како се врши процесот на селекција, се чини дека проблемот е далеку од надминат, а уште повеќе и дека реално и не постои волја за тоа.

Најголем пропуст на почетокот на работата на АНБ се смета начинот на селекција на кадри. И покрај тоа што постои Комисија за селекција, според наши извори, се врши неосновано оценување и незаконско се вршеле безбедносни проверки, што овозможува субјективна селекција, која на селекторот му дава дискреционо право да елиминира неподбни, односно да вработи подобни кадри, па макар биле со криминални досиеја или со фалсификувани диопломи и под дисциплинска постапка.

Сè уште како главен критериум при селекција се користи политичката припадност и со несмален интензитет се врши политичка елиминација на неистомисленици и се преземаат партиски послушници во нетранспарентна постапка.

Не е надминато ниту преземањето лица со несоодветно образование наспроти изоставањето лица со соодветно образование по безбедност со долгогодишно искуство и постигнатиодлични оценки во законскиот процес на оценување.

Спасовски и Ременски директори во сенка?

Целиот процес на селекција го организираат и со него раководат неколку партиски послушници, лица под контрола на Оливер Спасовски и Јовче Ременски, кои преку неосновано оценување и незаконит процес на вршење безбедносни проверки, под сомнителни околности елиминирале или заштитиле повеќе лица, меѓу кои и такви со криминално досие, инволвирани во активности од надлежност на УБК, лица со дисциплински прекршоци во МВР, фалсификувани дипломи.

Според извори од АНБ, оценувањето се вршело без утврдени критериуми за квалитет, но и по роднински и партиски клуч. Многу кандидати се преземени по законскиот рок кој заврши на 20 септември 2019 година. Иако селектираните веќе имаат потпишано спогодбени решенија за преземање во АНБ, никој нема полагано тест за интегритет, што е еден од основните услови според Законот за АНБ.

Така, при селекцијата се преземени свиркачите Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, осудени во случајот „Пуч“, кои предавале материјали во политичка партија. Преземени се лица кои се или биле контакт на странски разузнавачки служби, учесници во насилни протести. Од УБК е преземен Јовче Ременски и покрај партиските ангажмани, но и шпекулациите за вмешаност во „Рекет“, што не е испитано. Исто така, Ременски и во минатото се спомнуваше дека изнесувал снимки прибавени со ПИ-мерки од МВР и ги продавал за уцена.

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Ременски дека е креаторот на фалсификуваните службени белешки со кои се вршеше политички прогон и со кои неосновано се испраќаа во притвор политичките неистомисленици.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.