Ако се почитува волјата на најголемите политички партии изразена на лидерските средби – на кои, да се потсетиме, прво падна договор на 12 април да се одржат предвремени избори, а потоа заедничката одлука беше суспендирана и се прогласи вонредна состојба – нема разумна причина за повторно свикување на веќе распуштениот парламент.

Оттаму, инсистирањето на СДСМ и на неговите политички сојузници парламентот сепак да заседава не е поврзано со причини од формално-правен карактер. Во Македонија е прогласена вонредна состојба. Два пати. Ако постои потреба и договор меѓу клучните актери на политичката сцена, претседателот Стево Пендаровски може и по трет пат да прогласи вонредна состојба. Сѐ додека е потребно и легитимно.

Во услови на вонредна состојба, владата, која сега случајно е техничка, но владее со полн легитимитет и капацитет, донесува уредби со законска сила. Спикерот Талат Џафери со право укажува дека владините уредби ќе ги одобри (или нема да ги одобри) следниот парламентарен состав. И тука не постои никаков правен јазол што треба да го расплетува распуштениот парламент.

Со еден збор, не постојат причини од формално-правна природа што ја поткрепуваат инциjативата на СДСМ. Но, Уставот дава можност распуштениот парламент да заседава во услови на вонредна или воена состојба и таа уставна одредба ја „покрива“ смислената операција. Сосема друго прашање е кои се вистинските причини и каква е намерата, пишува Бранко Героски.

Целиот текст на следниов линк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.