Новинарот Васко Маглешов од порталот „А1он“, член на Судско-медиумскиот совет, во разговор за „360 Степени“, зборува за чудното одлагање на изборот на шест судии за Апелацискиот суд во Скопје.
Атмосферата беше навистина чудна и конспиративна, особено во делот по давањето на паузата, кога требаше да продолжи седницата, особено затоа што дневниот ред на седницата се гласа на самиот почеток, значи точката беше утврдена дека ќе стигне на гласање. Меѓутоа, за време на паузата, додека чекавме во бифето на Судскиот совет, од страна на администрацијата ни беше посочено дека точката за избор на шесте апелациски судии во Скопје се одлага. Љубопитноста не не додржи до крај, па отидовме да го прашаме лично претседателот на Судскиот совет, неофицијално, што е причината за одлагањето. Тој тврдеше дека станува збор за некоординација на членовите на Судскиот совет. Што се случило во меѓувреме останува енигма, со оглед на тоа што членовите на советот влегуваа, излегуваа низ канцелариите, ние секако не можеме да знаеме што всушност се случувало внатре. Меѓутоа, тоа го отвора прашањето, дали можеби членовите на Судскиот совет ги бираат кандидатите за судии во Апелациониот суд надвор од очите на јавноста, на некаква затворена координација, а само ги верификуваат на седницата, рече Маглешов.
Тој се согласи дека е чудно тоа што седницата беше одложена, со оглед на тоа што за дневниот ред се гласа на почеток на седницата, како и тоа дека конкурсот за избор на овие судии е распишан на 7 февруари.
Повеќе ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.