„Со половина час доцнење почна гласањето на избирачко место во училиштето Петар Здравковски – Пенко, во општина Бутел. Причината е неработење на апаратот за отисок од прст. До санирање на проблемот, општинската изборна комисија одлучила гласањето да почне по стариот начин на идентификација на гласачите со УВ ламба“.

Во Прилеп скоро на секое избирачко место има проблем со фингерпринт уредите. Дел препознава, дел не препознава избирачи. Во консултација со ДИК наводно проблемот не е само во Општина Прилеп, проблемот се случува во моментов на ниво на цела држава, информиа Валентин Божиноски, претседател на општинската изборна комисија во Прилеп“.

„Изборниот процес на денешните Локални избори во Гостивар почна со проблеми. Повеќето од половината апарати кои ги отчитуваат отпечатоците од прст не можеле да се активираат, информираат од ОИК Гостивар“.

„Се појавил проблем на едно избирачко место во општина Росоман, во село Трстеник, не работел апаратот и бил заменет со нов. Таму гласањето ќе се продолжи за еден час и 50 минути. потврди за МИА, Ѓорѓи Крстевски, претседател на Општинска изборна комисија“.

Проблеми со апаратчињата за отпечатоци имашер и во Липково, Струга …

Вакви и слични информации за проблеми при употребата на фингерпринт терминалите доаѓаа од голем број избирачки места уште од почетокот на гласањето.

Дека се појавуваат проблеми потврдија и од ДИК, од каде велат дека во случај на проблеми гласањето ќе се одвива со оставање отисок во хартиениот избирачки список.

Во одредени избирачки места кои се во помал број се појавија одредени потешкотии околу ракувањето со уредите, дел од нив веќе се надминати, а дел тековно се отстрануваат со помош на техничките лица на самите избирачки места. Во некои избирачки места каде поради лоши отпечатоци не можат да се препознаат, гласањето тече со оставање отпечаток во хартиениот избирачки список, во кои се запишани гласачите и им се овозможува да гласаат понатаму – изјави Даштевски.

Тој додаде дека стариот начин на гласање со употреба на спреј и УВ-ламба се применува само ако уредот за биометриска идентифиакција на гласачот е неупотреблив или нема можност за негова замена.

Сепак, распростраетоста на пробелмите со препознавање на отпечатоците на прст на гласачите го поставува прашањето која е причината.

Едно објаснување даде портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, која информира дека има постапка според која скенерот на апаратот треба да се чисти, а гласачите да притиснат повеќе кога го оставаат отпечатокот.

Имаме издадена инструкција да се оди двапати со отпечаток, ако нема совпаѓање се скенира документот или се внесува матичниот број на гласачот – изјави портпаролката Гугуческа.

Иастовремено, гласачи во Штип забележале дека уредите за отпечаток од прст за гласањето затајувале најмногу кај повозарасните лица. Затоа, имало речиси на сите избирачки места има застои во гласањето, но комисиите и нивните технички лица се обидуваат застоите брзо да ги остранат, објави СДК.мк.

Од друга страна, уште пред околу еден месец во јавноста се поставуваше прашање за квалитетот на апаратите за земање отпечатоци на прст од германската компанија „Дермалог“.

Како што тогаш пишуваше „Дојче веле“ повикувајќи се на германски „Велт ам зонтаг“, германската компанија „Дермалог“ склучувала договори без тендер за испорака на биометриска опрема, како апарати за отпечатоци од прсти, а весникот како спорна ја спомена и набавката за локалните избори во Македонија.

Како што пишуваше „Велт“, иако во Македонија имало тендер, компанијата „Дермалог“ го добила договорот под чудни околности.

Последниот договор кој го добила фирмата во Македонија исто така привлече внимание. Овојпат, имаше конкурентска тендерска постапка. Но, комисијата за набавки одбила неколку конкуренти уште на стартот затоа што, наводно, не ги исполнувале условите на тендерот. На 11 август, надлежните му одобрија на „Дермалог“ да ја достави биометриската технологија. Вредноста на договорот е речиси 11 милиони евра – се вели во текстот на германскиот весник.

Според „Велт“, Македонија била предупредена од Мухамед Наим Аџубсада, поранешен шеф на Изборната комисија на парламентарните избори во Авганистан.

Во Авганистан, резултатите од претседателските избори во 2019 година доцнеле пет месеци поради проблеми со системот на биометриска идентификација, па Аџубсада тврди за „Велт“ дека ја предупредил и владата во Македонија за конфузијата што се случила во неговата земја, но не бил послушан.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.