Христо Кондовски, човекот со многу лажни лица и скапа кампања за препокривање на вистината продолжува да молчи и не кажува дали е кривично осуден за нанесување тешки телесни повреди, порача на денешната прес-конференција Ѓорги Ѓоргиевски, кандидат за советник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, зборувајќи за кандидатот за градоначалник на Општина Битола од редовите на СДСМ.
Битолчани треба да ја знаат вистината за Христо Кондовски, дали е тој осудуван насилник? Насилник со луѓето, насилник во бизнисот, насилник со старите и изнемоштени лица, човек со многу лажни лица кои ги менува во зависност од приликата се со цел од секоја ситуација да извлече корист. Денес го прашуваме менаџерот за живот на рати дали е точно дека фирмите кои се дел од неговата групација добиле државни тендери во висина од над 15 милиони евра за само четири месеци? Дали се ова парите со кои се финансира неговата кампања, парите на граѓаните? Го прашуваме, дали после узурпацијата на РЕК од страна на струмичко – арамискиот клан, СДСМ го кандидира менаџерот за живот на рати Кондовски со следна цел – узурпацијата на општина Битола и парите на битолчани? Дали целта на СДСМ е Битола да прерасне во град фирма за да се финансира луксузниот живот на струмичко – арамискиот клан?, јавно прашува Ѓорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.