„Дали си имал/а сексуални односи со лица пет постари години од вас“, „колку заработуваат твоите родители“, „дали твоите родители се алкохоличари“, „дали си имал/а самоубиствени нагони“, „дали дома редовно имаш храна“ се само дел од прашањата од анкета на која одговарале ученици од основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола, која ги разгневи нивните родители, пренесува „Слободен печат“.

Родителите, кои без да ги видат прашањата се согласиле на „анкета за насилство и булинг во училиштето“, сега инсистираат да знаат дали овие прашалници ги изработуваат стручни лица и кој ги одобрил.

Инсистирав дека ние како родители имаме законско право да знаеме какви прашања им биле поставени на децата. Едвај ни прочита само три прашања, од кои едното беше: „Дали сте сликале сцена со сексуална содржина во соблекувална или во тоалет и дали сте ја објавиле на интернет“, раскажува мајка на ученик.

Целата сторија на „Слободен печат



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.