За Преспанскиот договор бугарскиот премиер Бојко Борисов се залагал за Македонија „како за своја земја“, рече синоќа самиот Зоран Заев, кој досега немаше откриено дека некој однадвор, посебно не Бугарија, се мешал во преговорите со Грција.

Дали сега е појасен членот 7 од Договорот, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, зборувајќи за македонскиот јазик.

Вака утрински; сетете се дека Преспанскиот го договарал Борисов! Или, можеби и Ципрас го договарал Добрососедството?
Или двата договори се двете страни на иста паричка?
Дали сега е појасен членот 7 од договорот?
Зоран Заев, човеку, зошто толку ја мразиш татковината?
Има нешто и посвето од парите бре трговец!, вели Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.