Дали преку Коста Петров и Фондот за иновации СДСМ со државни пари си плаќа партиски кампањи? Ваквото прашање се наметна откако беше обелоденето дека директорот на Фондот за иновации и технолошки развој и потпретседател на СДСМ, Петров, последните два месеца снима промотивни видео интервјуа со млади иноватори, кои потоа ги споделува на социјалните мрежи. Тој снима интервјуа во квалитетни сетови, а за маркетинг и продукциски активности Фондот потпишал договор од речиси 200,000 евра со две маркетинг агенции: Бригада Дизајн и Њу Момент. 200 000 евра за снимање спотови, дадени во кризна година, кога Македонија е во рецесија и се бори со корона вирусот.
Во договорот со маркетинг агенциите пишува и дека тие треба да обезбедат медиумски простор на информативни портали за промотивни активности. Нејасно е дали ова отстапување значи реклама на Фондот или се работи за доброволно отстапување на простор од порталите.
Инаку според член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се забранува рекламирање во медиуми од државните и јавните институции.
„Државните органи, органите на државната управа, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа, јавните установи и институции како и правните лица со јавни овластувања и трговските друштва во целосна државна сопственост не смеат да предвидуваат средства за информирање и запознавање на јавноста со свои услуги или активности преку приватни радиодифузери”, предвидува членот на Заканот на АВМУ.
И додека Петров врши работи спротивно за неговите работни обврски, притоа секако, земајќи плата како директор на Фондот, наместо да го врши она за кое е платен, тој вели нему интервјуата не му одземале многу време, а целта не била да се направи промоција на Фондт, туку да се поттикнат младите инвеститори.
Ако сакаме да ги задржиме младите во Македонија, успешните приказни можат да бидат позитивен пример и да ги мотивираат да почнат свој бизнис. Овие приказни покажуваат дека ако имате добра идеја, може да се успее и овде – вели Петров за ИРЛ.
Ако целта на интервјуата не била првенствено да се промовира работата на Фондот и на директорот преку интервјуата на млади иноватори што добиле државна поддршка за нивните иновативни идеи, тогаш е најасно зошто меѓу првите тројца интервјуирани нема ниту еден иноватор, кој досега бил одбиен да добие помош од Фондот за иновации.
Петров на тоа прашање одговара дека за нив веќе имаат смислено менторска програма, која ќе ги обучува како во иднина подобро да ги презентираат нивните иновативни идеи и да ги пополнат нивните апликации, и како полесно да дојдат до средствата од Фондот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.