Игра ли Владата игри со полицискиот час за верскиот празник Бајрам. Најпрвин ИЗВ, а потоа и ВМРО-ДПМНЕ остро се спротиставија на тоа да има ограничување на движењето од сабота во 19 часот до 5 часот во вторник.

Но,власта остана нема на апелите дека нема потребна граѓаните од исламска вероисповест да  го поминуваат истото како православните верници кои беа спречени да ги посетат храмовите за Велигден.

Се игра ли перфидна игра во која министерот за внатрешни работи Наке Чулев ќе биде посочен дека не ги санкционира граѓаните кои нема да го почитуваат полицискиот час?

А дека ќе има прекршување на забраните за движење најави има уште отсега. Тоа јасно го кажа ИВЗ во своето соопштение дека нема да ги спречат верниците за празникот да ги посетат џамиите.

Дополнително, за в недела на стадионот во Чаир се најавува верски собир и дека биде потребна голема внимателност да не се предизвикаат тензии доколку полицијата се обиде да го спречи.

Како што дознаваме министерот Чулев е против за долг полиициски час, но сепак Владата е истрајна во намерата. Одлуката треба да биде донесена денеска.

 

 

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.