Дали Рашковски си го купил сопствениот софтвер за кој Владата платила 81 илјада евра?. Ова прашање се наметнува со најновиот скандал со пораешниот Генерален секретар на Владата со опрема која носи назив „Софтвер за определување просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни“,.
Рашковски веќе три години има патент со истото име: „Систем и уреди за контрола на брзината на возилата во сообраќајот, определување на просечна брзина и изрекување на казни“. Дали е ова случајо или намерно треба да одогвори самиот Рашковски!.
„За оние што читаат само наслови, многу работи се исти“, ни одговори Рашковски со СМС-порака прашан да ја коментира коинциденцијата
За набавка на системот Владата ѝ платила околу 81 илјада евра на фирмата „Инвока гроуп“ која е формирана на 14 јуни 2017 година, две недели по доаѓањето на СДСМ на власт и девет дена по именувањето на Рашковски за генерален секретар на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.