Гоце Делчев е новиот услов за добивање на датум за старт на преговори со Европската унија. Условот стигна лично од бугарскиот премиер Бојкo Борисов кој порача дека Македонците имаат уште работи за поправање и да созреат.
Бугарија направи сè и тие летнаа во небо. Сега ќе треба да прават компромис во комисијата и со антибугарската реторика, изјави Борисов.
Борисов, на прашањето кога ќе стартуваат пристапните разговори на Унијата со Македонија, го стави Гоце Делчев во залог.
Тие имаат многу за поправање. Не ме разбирајте погрешно, но додека се спори Гоце Делчев дали е Бугарин или Македонец, херои кои всушност се бореле за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, и најубавите ни песни се поврзани со нив… И опозиција ќе ме праша што прави Комисијата … Нека зреат, истакнал Борисов.
Премиерот Заев денеска преку фејсбук му одговори на Борисов, велејќи дека двете земји потпишале Договор за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.