Ненадејната одлука на Вселенската партријаршија да го признае канонството на нашата црква остави дилема што ова значи и зошто наместо Македонската православна црква ќе не ословуваат со Охридска ариепископија.

Многумина сметааат дека после Договорот од Преспа со кој го изгубиме името „Македонија“ сега ќе се откажеме и од името „Македонска православна црква (МПЦ).

Навистина во соопштението од Цариград никаде не се споменува Македонска православна црква туку се користи името „Охридска“. Но и самата МПЦ во своето име пред неколку години го додaде терминот ОА и со тоа се повикуваме на континуитетот на древната Охридската архиепископија на Св.Климент и Наум.

По денешната одлука Охридска Архиепископија влегува во канонско единство со Вселенската Патријаршија и со другите бправославни цркви.

Но, важно е да се напомене дека ова не значи целосна автокефалност туку дека за тоа да се случи ќе треба да продолжат разговорите со СПЦ која го има томосот.

Случајно или не Синодот на МПЦ утре ќе одржи седница на која се дискутира за последната средба на претставници на двете цркви во Ниш. Оптимистичките прогнози се дека летово би можело да има договор а поткрепа на ова е и денешната вест од Цариград

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.