Вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, при гостувањето на пратениците Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ и Славјанка Петровска од СДСМ, се покрена дебатата кај бил Кастриот Реџепи вчера.
Во дебатата Петрушевски ја запраша својата колешка – „Не знаевме каде е господинот Реџепи, Вие знаевте каде е“.
На сигурно, нагласи Петровска при одговарањето на прашањето на Петрушевски, што алудираше на тоа дека таа знаела каде е Реџепи.
Петрушевски додаде дека се знае методот на СДСМ како владее, киднапира пратеници и им ја наметнува нивната волја. И потенцираше дека СДСМ цело време знаел каде е Кастриот Реџепи, не дозволи да се изгласа иницијативата за недоверба на Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.