Порталот Алмакос кој се повикува нанеименувани извори во кабинетот на Претседателот на
државата тврди дека Северноатланската Алијанса преку Стево Пендаровски се обидува
да влијае на изборот на новата влада во Македонија.
Шефот на државата е на став дека постојат прецизни критериуми што мора да ги исполнат идните владини функционери.
Во интервјуто на прашањето на Фокус: “Дали земјата е целосно подготвена за овој тежок
и комплексен процес на европска интеграција што ќе трае многу години” Пендаровски го
дава овој одговор, пренесува Алмакос:
„Не се сомневам дека сме подготвени да ги започнеме преговорите, но процесот ќе трае
со години и многу поважно е да се покаже дека сме подготвени за ова и успешно да го
завршиме. За време на преговорите, сите сегменти на општеството ќе бидат ставени на
сериозен тест.
Во овој контекст, стратешки е важно следната влада да се формира со континуирано
почитување на следниве три критериуми:
Прво, сите министри, не само оние кои се директно одговорни за европска интеграција,
да бидат луѓе со демократски капацитет и про-европска ориентација
второ, во владата да бидат луѓе кои не биле вклучени во никаква криминална афера со
оглед на тоа дека наш најважен предизвик во наредните години ќе биде владеењето на
законот, и последно, но не и најмалку важно
Ова е важно е, не само за првиот ешалон на службениците, туку и за вториот и третиот, да можеме да добиеме безбедносен сертификат од НАТО затоа што како земја-членка само тогаш ќе нè прифатат како сигурен партнер на Алијансата.
Според добро упатените извори на Алмакос, ова е индиректна порака до ДУИ, која доаѓа
од НАТО преку шефот на државата, Стево Пендаровски.
Алмакос пишува дека причината за ваквиот став е претпоставката дека старите
политички партии не се во можност да ги исполнат условите споменати во интервјуто на
Пендаровски.
Според порталот со ова се потврдуваат гласините дека на западните кругови не им се
допаѓа влезот на ДУИ во следната Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.