Самиот факт што Венко Филипче и, веројатно, Комисијата за заразни болести, препорачаа средните училишта во Тетово и Гостивар да не ја почнат наставата со физичко присуство, туку он лајн, ја руши основната теза на Мила Царовска дека училиштата не се трансмитери на вирусот, пишува Дарко Јаневски за Денешен.мк
Инаку, мерката Филипче не би имала логика, нели? Ако, пак, тоа што го тврди Царовска е точно, а Филипче ја одложува наставата со физичко присуство поради тоа што многу од учениците патувале за да дојдат до училиштата, па вирусот ќе се шири меѓу нив додека патуваат, што е сосема реално да се претпостави, тогаш, Филипче прави катастрофална грешка со Скопје, каде има над 20 средни училишта и најмалку уште со Битола, два града каде учениците во многу поголем број се принудени да користат автобуси на ЈСП во кои вирусот ќе може со лажичка да се собира во пиковите кога децата ќе одат и се враќаат од училиште.
Дека очигледна е идејата и низ нив да помине вирусот, тоа е сосема јасно. И преку нив да се уплашат и нивните родители и баби и дедовци, кои не се вакцинирани, па да го сторат тоа. И можеше да се разбере дека од некој како Царовска, не треба тука да се очекува кој знае каков ум. Ама молкот на останатите? Молкот на Комисијата? На Филипче кој пушта недоветни постови дека местото на децата било клупите, небаре ние не знаеме? Но, разумните луѓе меѓу две зла го бираат помалото. А, меѓу болница и учење од дома, не е баш тешко да се одбере што е помало зло. Не ги мешаме тука тендерите за лубриканти, кои се убедливо на прво место по добро. Зар, не?, прашува Јаневски.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.