Дај боже сите да бидеме како Зоран Заев, Заев е визионер, ВМРО ДПМНЕ не чини, Како Митко Јанчев му делеше парцели на семејството Заеви, Го преземам ВМРО- ДПМНЕ!… Како Митко Јанчев преку ноќ, од кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ стана подајгаз на Заеви? Дали вревата што ја крева по провладините медиуми за преземање на ВМРО-ДПМНЕ е „големо благодарам“ за „побратиомот“ Зоран за хектарот државни лозја што ќе ги користи во наредните 24 години?

Не се потребни длабоки политички познавања и проникливост за да се сфати дека Митко Јанчев е уценет бизнисмен и политичар Митко Јанчев. Близок со братот на премиерот, бизнисменот Вице Заев, тој е „совршена контролирана опозиција“ за Зоран Заев. Откако го фати „Правиот пат“ на СДСМ, Јанчев се обиде да го урне ВМРО-ДПМНЕ создавајќи вештачка внатрешна криза, која му оди во прилог само на Заев.

Митко Јанчев гостин на трибина на СДСМ во Кавадарци. Oliver Спасовски го поздрави Јанчев и рече дека се надева дека граѓаните ќе го следат неговиот пример и ќе се приклучат на „вистинскиот пат“, 30.10.2019.

Јанчев и Заеви одамна си имаат на ти го – дај ми го односи.

Семејството Заеви добило градежни парцели од кавадаречкиот градоначалник уште во 2018 година, а тој пак добива од државата на користење државни лозија.

Во услови на целосен распад на државата градоначалникот на Кавадарци во ноември организираше протести пред седиштето на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Иако протестите „завршија“ како што и беа најавени – онлајн, Митко се промовира себеси како претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Хронолошки гледано Митко Јанчев оживува на политичката сцена како супермен кога треба да го спасува „побратимот“ Зоран.

Во момент кога претендентот Јанчев тргнува во бизнис-битка за партискиот трон на ВМРО-ДПМНЕ, во државата дневно се регистрираат илјада заразени од корона, а умираат триесетина. Во болниците нема место за заболените од ковид, а нега и медицинска помош не добиваат ниту хронично болните. За вакцини веќе и не станува збор. Додека Јанчев го урива ВМРО-ДПМНЕ, луѓето бараат српски телефонски броеви за да закажат за вакцинирање во соседството.

Воскреснувањето на кавадаречкиот градоначалник Јанчев, кој стана татко на Кавадарци со поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, а на последните избори работеше во корист на СДСМ, во овој момент е само одвлекување на вниманието на јавноста од суштинските проблеми. Дефокусот има единствена цел, а тоа е Митко Јанчев да му помогне на Зоран Заев вртејќи ги очите на јавноста кон несуштински теми.

Јанчев е повеќе во СДСМ отколку што е во ВМРО-ДПМНЕ

Дека Митко Јанчев застанува на сцената како човек на Заеви, потврди и генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбер Таравари, во гостување на емисијата „Што не е јасно“ .

Градоначалникот на Кавадарци, за изборите работеше за СДСМ, но во Кавадарци изгубија СДСМ, потврди неодамна градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.

Претендентот Јанчев, кој ја доживува партијата ВМРО-ДПМНЕ како своја лична партија, пред неколку месеци на трибина зборуваше за тоа каков лидер сака да биде тој лично.

Дај боже сите да бидеме како Зоран Заев и да бидеме сите флексибилни и да можеме да работиме – порача Јанчев.

Насловната фотографија на овој текст не е случајно избрана. Таа е настаната во Банско, вечерта по изборот на Јанчев за потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. На неа Јанчев, како што вели во едно скорешно интервју, во друштво на тајфата на Вице Заев, го прославува својот партиски успех во спротивниот табор(?!)

Оттука, ако на Митко Јанев навистина му дошло за доброто на Македонија, наместо на плоштадот „ВМРО“, нека излезе на плоштадот „Македонија“ и нека повика за смена на своите партнери Заеви.

„Случајно“ ја тргнал сликата од Тикешкото востание

телма.мк (архива)

Во емисијата „Во Центар“, Јанчев призна дека ја тргнал сликата од Тиквешкото востание затоа што не сакал да се кара со бугарскиот амбасадор.

Сликата е сменета од многу едноставни работи, не сакам  да гледам слики со крвови, глави отсечени, случајно беше, изјави Јанчев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.