Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство станува нов Ковид кластер!?, дознава „Лидер“.
Oд ден на ден таму се зголемува бројот на заболени од Ковид 19, како резултат на зголемената концентација на луѓе во канцелариите, но и немањето на основни услови за хигиена.
Имено, повеќе од три недели по ред, вработените од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одат на работа и покрај препораките од страна на Комисијата за заразни болести вработените во државната и јавна администрација да работат во смени, дома или во ротации.
И покрај зголемувањето на ковид заболени и опасност од институцијата да стане ново жариште на корона, министерот Хоџа се уште ги држи вработените на работа и не дозволува тие да работат во смени, од дома или на ротации.
Вработените исто така посочуваат дека во Министерството нема ниту основни средства за хигиена и дезинфекција, а во тоалетите нема ниту тоалетна хартија. Во вакви услови и со ваквиот начин на работа тие се плашат за својата здравствена состојба и за здравјето на своите најблиски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.