Бојан Маричиќ вчера изјави дека ја подржува Комисијата која преговара за историја со Бугарија, што логично го наметнува прашањето дали Маричиќ и владата поддржуваат и одобруваат Гоце Делчев да биде прогласен како Бугарин.
Ние досега не сме имале сигнал дека Бугарија би можела или би сакала да го блокира почетокот на преговорите. А, она што се однесува на дискусијата во рамките на комисијата, ние таа комисија целосно ја поддржуваме, и сметаме дека таа комисија треба да се води со мудрост и со почит едни кон другите. Тоа е всушност и целта на комисијата. Исто така целта на комисијата да овозможи едно зреење, едно растење во меѓусебниот однос и во односот кон минатото и сегашноста, и за историјата која што не поврзува – посочи Маричиќ.
Маричиќ истакна дека точките, ликовите и настаните во историјата кои не поврзуваат треба да не доближуваат, а не да не разделуваат.
Пред неколку дена министерката за надворешни работи на Бугарија, Захариева изјави: Ако не се договориме околу датата за чествување на сеќавањето на Гоце Делчев, нема да работиме во мешовита комисија со Македонија!
Ова посочува дека ако владата на Заев прифати се што бара Бугарија, за некој период ќе се дозволи Гоце Делчев да се прогласи за Бугарин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.