Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека очекува зголемување на мнозинството.
Според Заев, не треба да има парламентарни избори.
„Не треба да има парламентарни избори, 2,5 години е ова бисер пред нас. Не сме имале 2,5 години без избори, знаете од кога? Никогаш, мораме да го искористиме тоа, за економија, проблемот со Грција, НАТО, одлуката од ЕУ, едно општество за сите… Се е за што? За подобар економски стандард на народот, за повеќе бизнис, профит, јаки компании за да дадат поголеми плати, за да имаат определба младите да бираат работни места. Да растат и платите согласно со капацитетите на нашите компании дома. Сакаме Европа дома да ја донесеме“, порача Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.